Моисе Кен оваа сезона покажува зошто во 2019 година, Евертон за неговите услуги платија 30 милиони евра. Младиот напаѓач не се снајде најдобро на „Гудусон“, поради што клубот го испрати на позајмица во ПСЖ.
Во Париз, младиот напаѓач, игра во голема форма. Сезонава зад неговото име стојат 25 натпревари и 14 постигнати голови. Последниот го постигна во вторникот, во убедливата победа на ПСЖ во Барселона (4:1).
Овој гол му ја „крена“ цената. ПСЖ, имаат намера да го откупат неговиот договор, но кога ќе се погледен цената што ја одредија од Евертон, тешко е дека тој ќе остане во Париз.
Евертон за Кен барат обесштетување од 80 милиони евра.
Сигурно е дека ПСЖ нема да ја платата оваа сума, бидејќи кај нив приоритети се новиот договор на Килијан Мбапе и засилување во централниот дел на одбраната.