Плановите за новиот екстра-модерен стадион со 52.000 седишта на Евертон доби зелено светло од британската влада, потврдија од клубот од Ливерпул.
Локацијата во Бремли-Мур пристаништето во Ливерпул прво доби одобрување од локалниот совет во февруари, пред владата да побара време за разгледување на предлогот. Премиерлигашот игра на својот стар стадион „Гудисон парк“ од 1892 година, и последните 25 години бараше локација за новиот стадион.
На новиот стадион на брегот на реката Мерси, ќе работат над 10.000 работници, а се очекува да чини над 500 милиони фунти.
? "On the banks of the Royal Blue Mersey…" ?
A world-class stadium on the waterfront. Our future home. ? pic.twitter.com/hhxgS7G5J1
— Everton (@Everton) March 26, 2021