Евертон се договорија со Бешикташ да го купат напаѓачот Ченк Тосун и сега работат на личните услови на турскиот фудбалер, потврди менаџерот, Сем Алардајс.
Клубот преговарал со претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман во средата за договорот вреден 27 милиони фунти, а 26-годишниот турски репрезентативец веќе е во Лондон, и Алардајс очекува дека тој може да дебитира против Ливерпук во третото коло од ФА купот веќе в петок.
„Имаме договор, и дојдовме до етапата на личните детали“, вели Алардајс.
Тосун помогна Бешикташ да стигне до 1/8 финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе се судрат со Баерн Минхен. Тосун, кој е роден во Германија, но настапува за Турција, би бил замена за Ромелу Лукаку, кој во текот на летото замина во Манчестер јунајтед, а е прво засилување во ерата на Алардајс.