Top Sport

Евертон го купи Гомеш за 22 милиони фунти

Евертон го комплетираа првиот трансфер ова лето, откако ја трансформираа позајмицата на Андре Гомеш од Барселона во постојан договор за 22 милиони фунти.

25-годишниот португалски репрезентативец имаше добра сезона на „Гудисон парк“, постигнувајќи еден гол во 27 настапи во Премиер лигата и потпиша петгодишен договор со клубот од Ливерпул. Евертон имаа конкуренција од Тотенхем и Вест хем, но Барселона преферираше да се договори со „карамелите“.

„Среќен сум што добивам договор со Евертон и одлуката не беше тешка. Знам дека клубот направи многу да ме донесе во Англија и им благодарам на тоа. Во текот на сезоната кажував дека се чувствувам дел од семејството и тоа го мислам уште“, изјави Гомеш.

Scroll to Top