Top Sport

Евертон го отпушти Сем Олердајс

Сем Олердајс повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Евертон, објави клубот. Евертон му се заблагодари на соработката на „Биг Сем“, по само шест месеци.

Олердајс, во ноември минатата година го наследи Роналд Куман, тогаш потпиша 18-месечен договор, но челниците решија да ја раскинат соработака една година порано.

Раководството на клубот и навивачите редовно покажуваа незадоволство од начинот на играта што го форсираше искусниот менаџер. Евертон оваа сезона ја заврши на осмото место на табелата.

Англиските медиуми шпекулираат дека нов тренер на „карамелите“ од ливерпул ќе биде поранешниот менаџер на Вотфорд, Марко Силва.

Scroll to Top