Top Sport

Евертон има рекорден приход!

Тимот на Евертон имаше најдобар приход во својата историја и профит од над 30 милиони фунти во 2017 година, покажувајќи дека тимот од Ливерпул ќе има пари за трошење и за засилување на тимот.

Приходот на „карамелите“ помогнат од ТВ-договорот и седмото место на табелата во Премиер лигата се зголеми на 171.3 милиони фунти, речиси 50 милиони повеќе од претходниот рекорд од сезоната 2014/15. Во 2015/16 тимот имаше загуба од 24.3 милиони фунти, а профитот оваа сезона доаѓа како изненадување по големиот број на засилувања донесени во текот на летото.

Заемот од 105 милиони фунти од акционерите, дозволи клубот да ги отплати старите долгови кои го чинеа тимот 2.8 милиони фунти само во камати.

Успехот на теренот придонесе Евертон да го зголеми просечниот број на гледачи на „Гудисон Парк“ на над 39.000 првпат во историјата, и покрај тоа што цената на билетите беше намалена.

„Финансиските перформанси во 2016/17 ги надминуваат сите рекорди и покажуваат дека клубот е навистински пат. Ќе продолжиме со истиот метод и во иднина“, вели извршниот директор на клубот, Роберт Елстоун.

Scroll to Top