Евертон и Челси одиграа 0:0 во првиот натпревар од саботната програма во 19.коло во Премиер лигата.
Подпросечен натпревар, под стандардите на Премиер лигата, на „Гудисон“ одиграа Евертон и Челси. Домаќинот се определи за целосна дефанзива и шансите да ги бара преку контранападите.
Челси доминираше на тренот, неговите играчи создадоа неколу солидни шанси за постигнување на гол, а најблиски до отврање на резултатот беа во 70.минута кога по центаршутот на Мозес, Ешли Вилијамс во обид да исфрли во корнер ја погоди гредата од сопствениот гол.
Челси по ова коло ќе остане на третата позиција на табелата со 39 бода, а Евертон кој е во серија од пет натпревари без пораз е деветти со 26 бода.