Top Sport

Евертон ќе платат 40 милиони евра за Моисе Кин

Јувентус им го продал 19 годишниот напаѓач Моисе Кин на Евертон за сума од 40 милиони евра, пишува новинарот на специјализираниот фудбалски портал „goal.com“, Ромео Агрести.

Големиот талент на италијанскиот фудбал со „карамелите“ ќе потпише пет годишен договор, за плата од три милиони евра по сезона. Според Агрести, Кин, во текот на денот би требало да пристигне во Ливерпул, а кога ќе ги одработи лекарските прегледи ќе го потпише договорот.

Не е познато само дали Јувентус во договорот вметнале клаузула според која, за однапред договорена сума, би имале право во иднина да го вратат играчот во своите редови.

Кин решил да замине од Јувентус иако клубот му нудел четири милиони евра по сезона. Тој од клубот гаранции дека ќе игра, што во ситуација кога Јувентус ги има Роналдо, Дибала, Манџукиќ и Игуаин е невозможно.

Дури и Јувентус да ги продадат Дибала и Игуаин, во клубот ќе пристигнат Лукаку или Икарди што само покажува дека тренерот Сари нема премногу да смета на неговите услуги.

Кин минатата сезона одигра 17 натпревари и постигна седум гола.

Scroll to Top