Top Sport

Евертон победи по 102 минути игра!

Љубителите на англискиот фудбал честопати велат дека за разлика од другите топ-лиги, фудбалот на островот е интересен за гледање и кога не играат „големи“ фаворити, врвните три-четири тимови од лигата.

Доказ за тоа може да биде натпреварот Евертон-Ватфорд, кој заврши со 3:2 откако тимот од Ливерпул губеше со 0:2, и меч во кој имаше неверојатни 12 минути дополнителна игра по 90-те.

Ако тоа не е доволно, тука е фактот што во тие дополнителни минути, капитенот на Ватфорд, Том Клеверли успеа да утне пенал за израмнување.

На крајот, Евертон стигна до првата победа под преодниот тренер Дејвид Ансворт, а Ватфорд си заминуваат со прашањето како го загубија добиениот натпревар.

Scroll to Top