Дејвид Мојс е пред сензационален кам-бек на клупата на Евертон по слабите резултати на сегашниот менаџер на тимот, Роналд Куман, тврди британскиот весник „Дејли мирор“
Мојс помина 11 години на „Гудисон парк“, пред да замине во Манчестер јунајтед во 2013 година. Во Јунајтед Шкотланѓанецот немаше најдобри резултати и беше сменет од Луис ван Гал, по што имаше кратки престои во Реал Сосиедад и Сандерленд.
54-годишниот Мојс не си направи добра репутација во тие три клуба, но во Евертон уште имаат високо мислење за него, а слично размислуваат и во шкотската репрезентација, каде што е кандидат за замена на Гордон Страхан.
Куман пред денешниот меч со Арсенал има само две победи во последните 12 натпревари, иако во текот на летото потроши 140 милиони фунти на засилувања.