Евертон се пред комплетирање на трансферот од 15 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејмс Гарнер, кој по одличните настапи за Нотингем форест минатата сезона предизвика внимание на повеќе клубови, вклучувајќи ги и Лестер и Саутемптон.
Според „Дејли мејл“, преговорите со Јунајтед за 21-годишниот фудбалер произлезен од школата на Јунајтед продолжуваат пред утрешниот крај на преодниот рок. Гарнер последните две сезони покрај за Нотингем, играше и за Вотфорд, но неговите шанси за пробив во првиот тим на Ерик Тен Хаг се минимални.