Top Sport

Евертон си ги намали шансите за Европа по ремито без голови против Вила

Астон вила и Евертон одиграа реми без голови и без многу големи возбудувања, резултат кој сигурно не му одговара на тимот на Карло Анчелоти кој брка излез во Лига Европа, откако топ 4 пласман едноставно е предалеку за „карамелите“.

Астон вила во тимот по подолга пауза го имаа и Џек Грилиш, но сепак, најдобри актери на мечот беа голманите Џордан Пикфорд (Евертон) и Емилијано Мартинез (Астон вила).

Евертон, со три меча до крајот на сезоната, остануваат на осмото место со 56 поени, колку што имаат и Тотенхем пред нив (со натпревар помалку) и еден поен зад Ливерпул. Вила се на 11. место со 49 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top