Top Sport

Евертон во 2016 го плати 18 милиони евра, сега потпиша за клуб од седмата лига

Фудбалскиот клуб Маклсфилд, кој се натпреварува во седмата лига на Англија, објави потпишал договор со Оумар Нијасе (33).

Трансферот и би бил изненадувачки доколку пред седум години, Евертон за овој напаѓач од Локомотив Москва издвои 18 милиони евра.

Во 2016 година ова беше сериозна сума за трансфер.

Сенегалскиот напаѓач до пред три години играше во Премиер лигата, а сега реши да ја прифати поканата од седмолигаш бидејќи во изминатите месеци беше слободен играч.
Во Маклсфилд ќе се обиде да ја врати старата форма.

Во Евертон имаше солидна прва сезона во која на 25 настапи постигна девет гола, но сепак не се снајде во Англија. Евертон потоа го испраќаше на позајмици во Хал и Кардиф.

Неговите последни два клуба беа третолигашот Бартон Албион и четвртолигашот Моркамб.

Нијасе е поранешен репрезентативец на Сенегал, за кого на девет одиграни натпревари постигна три гола.

Scroll to Top