Фудбалерите на Евертон славеа во дуелот со Кристал Палас 2:0, во претпоследниот натпревар од деветтото коло во Премиер лигата.
Избраниците на португалскиот тренер Марко Силва, до четвртиот триумф во сезоната, стигнаа во последните три минути од регуларниот тек на натпреварот. Измените што ги направи тренерот на Евертон го решија мечот.
На теренот во 82.минута влегоа Лукман и Калверт Луин, а пет минути подоцна овој тандем го креираше првиот гол за Евертон. Лукман нафрли од левата страна, а Калверт Луин ја зафати топката со глава и го совлада осличниот Хенеси.
Две минути подоцна, Кин со долга топка го исфрли напред Тосун, а турскиот репрезентативец ја протна топката меѓу нозете на голманот на Кристал Палас. Тосун на теренот влезе во 66.минута.
Кристал Палас во 60.минута не искористи пенал. При резултат 0:0 ударот на Миливојевиќ го одбрани Пикфорд.
По девет кола Евертон има 15 бода и се наоѓа на осмото место, додека Кристал Палас остана во долниот дел од табелата со само седум бода.