Top Sport

Евра: Не е фер што му го земаа голот на Погба

Голот кој Пол Погба го постигна за 2:1 победа на Франција, официјално му беше одземен, откако ФИФА реши голот да биде запишан како автогол на Австралиецот Азиз Бехич.

Ова е многу не-фер кон францускиот играч од средниот ред, посебно откако тој го посвети голот на својот починат татко, и неговиот сонародник Патрис Евра вели дека ако Меси, Роналдо или Нејмар постигнеле таков гол тој ќе им бил „запишан“.

„Сакам луѓето да престанат да го мразат мојот Пол. Знам дека прави фризури, но дај да зборуваме за фудбалот. Дали Меси, Роналдо или Нејмар да постигнеа таков гол, ќе им беше одземен? Нема шанси. Единствениот проблем е што имиџот на Пол станува поголем од неговиот фудбал. Мечот уште не е почнат, а сите го критикуваат – за фризурата, за стилот, за модата… Мислам дека во Јунајтед е подобар отколку што беше во Јувентус, а бројките го покажуваат тоа“, вели Евра.

Емотивната посвета на Погба за починатиот татко

Scroll to Top