Патрис Евра се заблагодари на сите „вистински фанови на Марсеј“ за поддршката која ја добил по инцидентот во четвртокот по кој беше суспендиран од клубот и најверојатно ја заврши богатата кариера на неславен начин.
Евра упати кунг-фу удар кон еден од навивачите на Марсеј кои допатуваа во Португалија за мечот од Лигата на Европа со Виторија Гимараеш, по што доби црвен картон пред да почне мечот. Во текот на неделниот меч со Каен, дел од навивачите поставија банери критикувајќи го поранешниот француски капитен, но Евра се заблагодари на „вистинските навивачи“.
„Одличен резултат за нас, пресреќен сум и горд на моите соиграчи. Благодарам на вистинските навивачи на Олимпик Марсеј. Од нив добивам целосна поддршка“, напиша Евра.