Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Патрис Евра призна дека преговара со клубот за враќање на некоја директорска позиција во клубот, откако од неодамна работи со „ѓаволите“ на добивање на своите тренерски лиценци.
Евра помина осум години на „Олд Трафорд“, пред во 2014 година да замине во Јувентус, и беше постојан првотимец освојувајќи пет титули од Премиерлигата и Лигата на шампионите во 2008.
„Работам на тренерските лиценци со Манчестер јунајтед и сакам да го разјаснам тоа бидејќи некои мислат дека веќе сум вработен таму. Има некои преговори, но засега сум фокусиран на тренерската лиценца. Знам дека луѓето беа возбудени кога ме видоа назад во клубот. Мислам дека е можно да работам во некаква улога понатаму, но уште не знам. Ако се вратам, тоа ќе биде да помогнам мојот клуб повторно да е најдобриот клуб на светот. Како фудбалер го жртвував животот за да успеам во Јунајтед“, вели Евра.