Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, без „влакна на јазикот“ го кажа она што го знае секој оној што го следи фудбалот. Евра рекол дека само поради парите Алексис Санчес го одбрал Јунајтед пред Сити.
Алексис Санчес како големо засилување, во јануари минатата година, од Арсенал се пресели во Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ за неговите услуги одвои извесна сума на пари и во Арсенал го испрати Хенрик Мхитаријан.
Чилеанецот потпиша договор со „црвените ѓаволи“ што му гарантира неделна плата од 500.000 фунти неделно.
18 месеци подоцна клубот, ако треба „ќе му ја продаде душата на ѓаволот“, само за да го откачат Санчез од платниот список.
Потегот на клупските челници кои му ја овозможија оваа плата на Чилеанецот го критикува Евра.
„Некои играчи доаѓаат во одреден клуб само поради парите, не се плашам да го кажам ова. Ова го знаат сите, а никој не смее јавно да го каже. Неман ништо против него, но кога видов колку пари му даваат ми стана јасно дека ова не е Јунајтед што го знаеме“ рекол Евра и дополнил.
„Го имаше Манчестер сити, но тие понудија помалку пари, таму ќе играше подобар фудбал него во Јунајтед. Жалам што го велам ова, но Сити играат подбар фудбал поради Пеп Гвардиола. Сакам да знам зошто го одбра Јунајтед, немојте да ми кежете дека овој клуб го сакал уште од дете. Или го одбрал поради парите и фактот да ја носи ‘седумката’ за да биде ѕвезда“, заклучил Евра.