Патрис Евра, поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, се пофали со својата физичка трансформација за само три недели споредувајќи две фотографии.
По повлекувањето од фудбалот, Евра работеше со Манчестер јунајтед на добивање на тренерска лиценца, а покрај тоа формираше и компанија за фитнес „Без изговор“, а трансформацијата на телото треба да биде доказ дека знае што прави.
„Јас не станав шампион така, туку научив многу во мојата 20-годишна кариера и сега тоа го ставив на хартија. ’Без изговор’ е пакет со кој ќе споделам со вас што правев за да станам успешен“, напиша Евра.