Фудбалерите на Пари Сен Жермен со трофеј влегоа во новата сезона. „Светците“ го освоија Суперкупот на Франција откако во Шенжен, Кина, со 2-1 го совладаа Рен.
Пари Сен Жермен без незадоволниот Нејмар во тимот со пресврт успеа да дојде до пехарот. Рен во 13 минута го изненади фаворитот, кога Уну заборавен од сите го совлада Ареола.
ПСЖ пресвртот го направија во вториот дел, најпрвин резултатот го израмни Мбапе во 57 минута, а во 73 минута Ди Марија постигн мајсторски гол од слободен удар.
Дуелот го следеше и најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, кој не беше во комбинација за настап.