Јувентус со победа над СПАЛ 2-0 го отворија шестото коло во Серија А. Со ова Јувентус имаат бод и натпревар повеќе од Интер.
Јувентус одиграа солиден меч против аутсајдерот, а само благодарение на одличниот голман Бериша СПАЛ се спасија од тежок пораз.
Откако во финишот на првиот дел Бериша со нестварна интервенција го спречи Рамзи да постигна гол, на истекот на првиот дел Пјаниќ постигна брилијантен гол.
Дилемите околу победникот, доколку ги имаше ги разреши Кристијано Роналдо во 78 минута.