Екипите на Виљареал, Паризан, Брага, Милан, Аталанта и Лион, на коло до крајот на натпреварите во фазата по групи, обезбедија пласман во нокаут рундата во Лига Европа. Претходно европска пролет обезбедија реал Сосиедад, Зенит, Лацио, Ница, Естерсунд, Салцбург и Викторија Плзен.
Белградски Партизан по пауза од 13 години обезбеди пласман во нокаут фазата во европските купови, откако во клучниот меч го совлада Јанг Бојс со 2.1. Стрелци на головите беа Тавамба и Ожеговиќ.
Претпоследното коло го обележа и дебаклот на Евертон, која на „Гудисон“ загуби од Аталанта 1:5. Пред Премиерлигашот кој потрпоши многу пари во летниот преоден рок следуваат тешки денови.
Група А:
Астана-Виљареал 2:3
Макаби-Славија Прага 0:2
Табела: Виљареал 11, Астана 7, Славија 5, Макаби 1
Група Б:
Скендарбег-Динамо Киев 2:3
Партизан-Јанг Бојс 2:1
Табела: Динамо 10, Партизан, 8, Скендербег 5, Јанг Бојс 3
Група Ц:
Брага-Хофенхајм 3:1
Лудогорец-Басашехир 1:2
Табела: Брага 10, Лудогорец 8, Басашехир 5, Хофенхајм 2
Група Д:
Милан-Австрија Виена 5:1
АЕК-Ријека 2:2
Табела: Милан 11, АЕК 7, Австрија 4, Ријека 3
Група Е:
Евертон-Аталанта 1:5
Лион-Аполон 4:0
Табела: Аталанта 11, Лион 11, Аполон 3, Евертон 1
Група Ф:
Локомотив Москва-Копенхаген 2:1
Шериф-Злин 1:0
Табела: Шериф 9, Локомотив 8, Копенхаген 6, Злин 2