Top Sport

Европските гиганти во „лов“ на Гави по хаосот околу неговиот договор

Ситуацијата со договорот на Гави со Барселона и неможноста да го регистрираат неговиот договор кај Ла лига, не претставува само проблем интерно во клубот, откако повеќе европски клубови се заинтересирани да го обезбедат неговиот потпис ова лето, тврди „Марка“.

Гави беше регистриран како играч на првиот тим во јануари, но оваа одлука беше поништена во март, што значи дека тој останува на својот стар договор како јуниорски фудбалер. На Барселона дури им се закануваа и одземање на поени поради неговата достапност во мечевите од Ла лига со повеќе тимови кои најавија жалби до лигата.

Првично, само Челси беше поврзуван со неговото име, но според „Марка“, повеќе европски клубови ја следат ситуацијата и би можеле да се обидат да ги искористат проблемите на Барселона. Во Каталонија пак, остануваат сигурни дека Гави ќе остане долго играч на Блауграна и веруваат во неговата верност кон клубот.

Scroll to Top