Top Sport

ФА бара казна за Клоп за коментарите за судијата Тирни

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) почна дисциплинска постапка против менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп за неговите коментари за судијата Пол Тирни по драматичната 4:3 победа над Тотенхем во неделата.

Во неверојатен меч, Ливерпул имаа 3:0 предност по 15 минути игра, Тотенхем се вратија за 3:3 во 93. минута, за само 90 секунди подоцна Диого Жота да обезбеди три поени за „црвените“. Клоп овој гол го прослави така што трчаше во правец на четвртиот судија покрај теренот и доби жолт картон од Тирни. Според ФА, Клоп се однесувал така што го потценувал интегритетот на судијата.

Клоп се жалеше дека Тирни го мрази Ливерпул.

„Имаме историја со Тирнир, не знам што има против нас. Вели дека нема проблеми, но тоа не вистина. Начинот на кој ме гледа, не го сфаќам. Тоа што ми го кажа кога го даде жолтиот картон не е во ред“, изјави веднаш по мечот Клоп.

Во вторникот, пред мечот со Фулам, тој призна дека згрешил.

„Целата ситуација не требаше да се случи, тоа е тоа. Не требаше да се случи, но имаше емоции и лутина во тој момент. Затоа прославував така, имаше ситуација со фаулот над Мо Салах. Кога дадовм гол наместо да бидам среќен, бев лут. Не кажав ништо лошо, само врескав: ‘Без тебе, без тебе’, што немаше смисла“, вели Клоп.

Scroll to Top