Top Sport

ФА го предупреди Руни за изјавата за „долгите крампони“

Менаџерот на Дерби каунти и најдобар стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Рун доби официјално предупредување од Фудбалската асоцијација (ФА) откако во интервју изјави дека носел копачки со долги крампони за да „повреди некого“.

ФА побара објаснување на изјавата на Руни за мечот помеѓу Јунајтед и Челси во 2006 година, кога неговиот соиграч од репрезентацијата, Џон Тери доби повреда на стапалото, а Челси победи со 3:0.

„За тој меч ги променив крампоните во долгите метални, најдолгите кои се дозволени. Сакав да повредам некого. Џон Тери си замина на носилки. Му направив дупка на стапалото, а потоа му го дадов мојот дрес“, изјави 36-годишниот Руни.

Во 2002 година, поранешниот соиграч на Руни, Рој Кин доби казна од ФА откако во својата автобиографија призна дека намерно го повредил Алф Инге Халанд од Манчестер сити (таткото на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд), на меч во април 2001.

Scroll to Top