Top Sport

ФА го суспендира менаџерот на Арсенал

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го суспендира менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, на три натпревари поради недолично однесување кон судијата на натпреварот со Вест Бромвич Албион.

Венгер прифатил дека „неговото однесување и обараќње кон судијата било навредливо“, поради што добил три натпревари суспензија и парична казна од 40.000 фунти.

Тренерот на Арсенал беше лут на судијата Мајкл Дин, кој во неделата на 31.декември минатата година во финишот на натпреварот досуди пенал за Вест Бром бидејќи Калум Чејмберс играше со рака.

ВБА од пенал израмни на 1:1 што беше и конечен резултат.

Венгер нема да го предводи тимот во претстојниот ФА куп натпревар со Нотингем Форест, потоа во првиот полу-финален меч со Челси во Лига купот и во премиерлигашкиот дуел со Борнмут.

Scroll to Top