Арсенал им се приклучи на фаворитите кои денес без проблеми ја минаа третата рунда во ФА купот. Пласман во четвртото коло изборија уште и Кристал Палас, Портсмут и Бристол.
Арсенал со „шарен состав“, немаше никакви проблеми со кај Блекпул. Младиот Џосеф Вилкок постигна два гола во 11. и 37.минута, а печат на триумфот стави Алекс Ивоби во 82.минута.
Крстал Палас од втората минута имаше човек повеќе на теренот, а победата над Гримсби ја обезбеди дури во 87.минута, кога гол постигна Џордан Ају.
Бристол сити славеа над последно пласираниот тим во Премиер лигата, Хадерсфилд. Мечот го реши голот на Брунвил во 72.минута.
Портсмут го изненади Норич со триумфот 1:0. Гостите до победата стигнаа со голот на Грин во 95.минута.