Top Sport

ФА куп: Челси може на Ливерпул, Руни контра Ман јунајтед?

Ливерпул ги очекува возбудливо гостување на „Стемфорд бриџ“ кај Челси доколку успеат да го победат Шрузбери таун, додека Вејн Руни може да се соочи со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед во петтото коло на ФА купот.

Ливерпул мораат да одиграат повторен меч на „Енфилд“ со Шрузбери откако во неделата одиграа 2:2, по што лутиот тренер Јирген Клоп изјави дека реваншот ќе го „игра со деца“. Вејн Руни, кој се врати во англискиот фудбал како фудбалер и менаџер на Дерби каунти, прво треба да го добие римечот со Нортхемптон за дуел со Јунајтед.

Актуелните шампиони Манчестер сити ги очекува гостување кај Шефилд венсдеј, додека Норич имаат премиерлигашки дуел со подобриот од мечот Саутемптон-Тотенхем.

ФА КУП, 5.КОЛО

Шефилд венсдеј – Манчестер сити

Рединг/Кардиф – Шефилд јунајтед

Челси – Шрузбери/Ливерпул

ВБА – Њукасл/Оксфорд

Лестер – Ковентри/Бирмингем сити

Нортхемптон/Дерби каунти – Манчестер јунајтед

Саутемптон/Тотенхем – Норич

Портсмут – Бурнемаут/Арсенал

Scroll to Top