Top Sport

ФА куп: Шок за Венгер, Арсенал елиминиран од второлигаш (Видео)

Фудбалерите на Арсенал не успеаја да го минат третото коло во ФА купот, во кое влегоа како освојувачи на трофејот од минатата сезона. „Тобџиите“ прв пат во ерата на Арсен Венгер испаднаа во оваа рунда во ФА купот, откако го загубија натпреварот од Нотинген Форест со 4:2.

Арсен Венгер, кој поради суспензија, натпреварот го следеше од трибините, го потцени противникот, на теренот испрати комбиниран тим, без ниту еден од носителите на играта и тоа го плати со елиминација.

Дуелот на „Сити Граунд“ во Нотингем, во кој некогашниот двоен европски првак, а сега член на Чемпионшип дивизијата го победи Премиерлигашот, го обележа брилијантниот гол на Ерик Лихај во 42.минута.

Ерик Лихај постигна два гола за Нотингем Форест во првиот дел кој заврши со предност на домаќинот 2:1. Голот за Арсенал го постигна Пер Мертезакер.

Вп вториот дел играчите на лондонскиот клуб направија два пенали, кои ги реализираа Бреретон во 64 и Дауел во 85.минута. Меѓу головите кои ги постигна домаќинот, Арсенал постигна гол преку Дени Валбек.

За разлика од Арсенал, Тотенхем без проблеми го совлада Вимблдон 3:0 и се пласира во 4.коло.

Двоен стрелец за Тотенхем беше Хари Кејн, а третиот гол го постигна Јан Вертонген.

Scroll to Top