Натпревар помеѓу еден петтолигаш и еден второлигаш во националното куп натпреварување обично не е некоја причина за возбуда, некои би кажале ниту за ТВ-пренос.
Меѓутоа, вечерва тоа беше демантирано во англискиот ФА куп, откако Барнет (петтолигашот) и Брентфорд (второлигашот) одиграа трилер натпревар кој заврши 3:3 и поради тоа ќе мора да има и преигран меч (на теренот на второлигашот).
Напаѓачот на Барнет со звучно име Шек Култрст постигна два гола откако Воткинс го отвори резутлатот за Брентфорд, по што имаше контроверзен пенал (со минимален контакт) за гостите, и Мопеј постигна гол од пенал, а Кејнос носи 2:3 водство за фаворитите. Сепак, во 75. минута, Даниел Спаркс со одличен гол од слободен удар израмнува на 3:3.
Победникот од оваа пресметка во петтото коло има закажано дуел со Свонси.