Top Sport

ФА нема да покрене истрага против „актерот“ Салах (Видео)

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да покрене истрага поради „актерските способности“ на Мохамед Салах. Египќанецот на вчерашниот натпревар во кој Ливерпул славеше над Њукасл 4:0, со реакцијата се обидел да го наведе судијата Грахам Скот да досуди пенал за „црвените“.

Овој момент се случил во 47.минута кога Пол Дамет го повлекол Салах кој потоа завршил на тревата. Иако имало индиции дека ФА ќе покрене постапка против фудбалерот на Ливерпул, бидејќи се обидел да има влијание во судиската одлука, „Скај спорт“ објави дека нема да има никаква истрага.

Претходно, англиските медуми објавија дека Салах се соочува со суспензија на следните два натпревари.

Оваа вест ќе ги израдува сите на „Енфилд“ бидејќи Ливерпул во наредното коло (сабота) ќе игра против Арсенал, а за една недела ќе се соочи со Манчестер сити.

https://twitter.com/_TTID/status/1077960536975826944

Scroll to Top