Парма и официјално потврди дека Фабио Ливерани е нивниот нов тренер, добивајќи двегодишен договор со клубот, кој претходно го отпушти Роберто Д’Аверса, човекот кој ги „крена“ од третата лига поради различните визии за иднината.
Ливерани доби отказ од Лече минатата недела откако не успеа да ги заддржи во Серија А, и сега има нов договор до јуни 2022 со „Дукали“.
Ливерани како тренер започна со Џенова, а работеше и во англискиот Лејтон ориент, Тернана и три години со Лече. 44-годишниот Италијанец ги врати Лече во Серија А минатата сезона, но клубот испадна во последното коло од минатата сезона.
Benvenuto Mister #Liverani! ✍???
?➡️ https://t.co/BT7Vk5jg6n#ForzaParma pic.twitter.com/CMozOJ9xjj— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) August 28, 2020