Top Sport

Фабрегас посакува да се врати во Арсенал

Поранешниот шпански репрезентативец, Сеск Фабрегас, во интервју за „Марка“, рекол дека не би имал ништо против доколку се врати во Арсенал.

Фабрегас успешната професионална кариера ја започна во клубот од северен Лондон, стана најмладиот капитен во историјата на Арсенал, но во 2011 година реши да се врати во Барселона. Откако покрај Иниеста и Чави не успеа да се избори за место во тимот, во 2014 година реши да ја напушти Барселона.

Тогаш имаше понуда да се врати во Арсенал, меѓутоа тој реши да го разочара фановите на овој клуб и се пресели во редовите на ривалот од лондон, Челси.

Фабрегас со Челси освои две титули во Премиер лигата, меѓутоа оваа сезона со доаѓањето на новиот тренер речиси и да не добива шанса да настапи во Премиер лигата.

Јасно е дека во зимскиот преоден рок ќе замине од „Стенфорд Бриџ“, а според неговата изјава тој би сакал да остане во Лондон.

„Арсенал засекогаш ќе биде во моето срце. Никогаш нема да заборавам она што го доживеав додека го носев дресот на Арсенал. Доколку би ми се пружила шанса биде вратил таму. Никогаш не се знае. Во тој клуб ги доживеав најубавите моменти во кариерата“, рекол Фабрегас.

Scroll to Top