Top Sport

Фабрегас: Шпанската тики-така веќе е бесцелна

Постојаната зависност од тики-така на шпанската репрезентација не носи ништо добро за „Ла роха“ во иднина, вели нивниот поранешен репрезентативец, Цеск Фабрегас.

Фабрегас беше дел од славната генерација од 2010 година која стигна до светската титула во Јужна Африка, но и тој самиот признава дека оваа тактика се покажала како бесцелна против Русија, што предизвика шокантно испаѓање на фаворитите по пенал-серијата.

Фабрегас, заедно со Чави и Андрес Иниеста го формираа ’рбетот на таа селекција, која по рецептот на Барселона стигна до триумф во таа 2010, но сега признава дека сега Шпанците се задоволни да играат пред противниците, а не зад нив.

„Ја користат топката на тој начин. Јас сум голем љубител на тики-така, на убавата игра, но сега ништо не се случува. Не видовме опасен шпански тим. Како да се задоволуваат само со посед на топката. Посед да браниш, наместо да напаѓаш и тоа е голема грешка, бидејќи ситуацијата треба да биде обратна“, вели Фабрегас.

Фото: ЕПА

Русите го имаат Акинфеев! „Зборнаја“ на пенали ја „уништи“ Шпанија

Scroll to Top