Top Sport

„Фаланга“ и „Лозари“ еден час се тепале во центарот на Штип

Масовна тепачка на навивачките групи на Брегалница (Фаланга) и Тиквеш (Лозари), се случила на главната сообраќајница во Штип, пред почетокот на второлигашкото дерби помеѓу овие две екипи.

Поради инцидентот сообраќајот на улицата кај Градскиот стадион во Штип бил во прекин околу еден час.

Според извештајот на телевизијата „М.Нет“, полицијата спречила поголем инцидент. Бил повреден еден полицаец, кој бил во главата погоден со факел, а за малку ќе настрадала и телевизиската екипа.

СВР Штип со повеќе детали за овој инцидент ќе се огласи утре.

Извор/facebook.com/mnethd

Scroll to Top