Колумбискиот напаѓач на Монако, Радамел Фалкао не планира да ги следи повеќето пензионирани фудбалери и да стане тренер или ТВ-коментатор, и наместо тоа сака да се обиде да стане безбол-играч кога ќе заврши со фудбалот.
Фалкао наполни 33 години минатиот месец, вели дека почнал да размислува за својата иднина.
„Го обожавам безболот. Кога бев мал, во Венецуела, каде што израснав, тоа беше спортот кој го играв цел ден и играв на доволно добро ниво. Зборувам за тоа честопати со мојата сопруга и кога ќе завршам со фудбалот и би сакал да почнам кариера како професионален безбол играч. Како Мајкл Џордан, кој беше голем кошаркар, но не успеа да влезе во големите безбол-лиги. Сакам да бидам првиот што ќе успее“, вели Фалкао во интервју за „Франс фудбал“.
НБА легендата Мајкл Џордан имаше обид да стане безбол-играч играјќи во малите американски лиги една сезона, пред да се врати во Чикаго булс.