Радамел Фалкао ќе остане соиграч на Столе Димитриевски во Рајо Валјекано уште една сезона, тврди шпанска „Марка“, велејќи дека Колумбиецот се докажал оваа сезона и дека затоа добива продолжување на договорот.
Според „Марка“, ветеранот импресионирал со својата професионалност по пристигнувањето во Валјекас и одлично се согласува со тренерот Андони Ираола што придонесе клубот да се крене на неочекуваното петто место во Ла лига.
35-годишниот Фалкао смета дека му е потребна постојаност за да биде во колумбиската репрезентација на СП во Катар во декември. Тој има 11 натпревари и 5 гола за тимот од мадридското предградие.