Top Sport

Фалкао: Кловнови, луѓе умираат, а вие шутирате хартија која ја нема доволно

Футсал мајсоторот од Бразил, Фалкао преку социјалните мрежи порача дека нема да го прифати предизвикот – да жонглира со тоалетна хартија, нешто што го направија голем број спортски ѕвезди кои моментно поради пандемијата на коронавирусот се во карантин, односно самоизолација.

Фалкао, кој е сигурно еден од најдобрите футсалци во историјата на овој спорт предизвикот го нарече кловновски.

„Ситуацијата со коронавирусот е исклучително тешка и сериозна. Луѓето од овој вирус масовно тешко се разболуваат и умираат. Затоа е битно да се нагласи дека постои други, многу посериозни начини на подигање на свеста за тоа што се случува. Мислам дека е важно да се задржи фокусот на опасностите од вирусоти начините како да се спречи негово ширење, а не да се прават безмислици како жонглирањето со тоалет хартијата. Впрочем, тие што тоа го прават, со нога го шутираат артиклот кој е важен за одржување на хигиената, а кој поради паничното купување го нема доволно“ – рече Фалкао.

Scroll to Top