Top Sport

Фан на Арсенал ги собра најлошите моменти на Давид Луиз во едно видео (видео)

Навивачите на Арсенал уште не можат да се изначудат на одлуката на клубот да му го продолжи договорот на Давид Луиз, посебно откако бразилскиот дефанзивец не беше во својата најдобра форма во неполната сезона со „топчиите“.

Дел од фановите дури посочија дека со ваква насока на клубот, не им „гине“ испаѓање во Чемпионшип, а еден навивач отиде дотаму што склопи едно видео во кое ги покажа најлошите моменти на Давид Луиз во нивниот дрес.

Техничкиот директор Еду мораше да ја брани одлуката на клубот да му даде договор на ветеранот.

„Давид е навистина важен фудбалер за нас. Тој ги одигра речиси сите мечеви оваа сезона и е важен дел од тимот. Неговото додавање, неговата комуникација со тимот на и надвор од теренот. Тој им помага на сите“, изјави Еду.

Од видеото пак, може да се заклучи дека најголема помош добиваат противничките тимови.

Scroll to Top