„You’ll Never Walk Alone“ е песната која од 1960-тите е неофицијална химна на навивачите на Ливерпул, кои уште еднаш покажаа дека кога се сака клубот може да се направат неверојатни работи.
Иако не се знае кој е „уметникот“, и како точно е направено, во областа Шропшајр во Вест Мидландс на еден рид се појавија огромни букви „ЛФЦ“, високи околи 90-тина метри (една должина на теренот на „Енфилд“).
Дени Хајам, кој работи во локалниот геодетски уред, вели дека ја знае можната причина за овој потег.
„Мислам дека овојпат сигурно можеме да отфрлиме можност на вонземјани. Можеби некој тука навива за Евертон и има градина со поглед на ридот, но и пријател со екстремна смисла за хумор? Ова е најчудниот начин за покажување на страст кон клубот“, изјави Хајам.
ЛФЦ традиционално се поврзува со Ливерпул, иако локално има уште еден клуб кој можеби имал доволно „луди“ навивачи – Ладлоу таун ФЦ, иако иницијалите на клубот се ЛТФЦ.