Англиската Премиерлига планира да направи промени во користењето на ВАР системот за да се зголеми транспарентноста пред обичните телевизиски фанови, најавувајќи објавување на разговорите меѓу судиите на теренот и ВАР-судиите во текот на натпреварите, јавува „Тајмс“.
Главната цел е навивачите да имаат поголемо разбирање на носењето на ВАР одлуките, кои честопати знаат да бидат контроверзни и директорот на Премиерлигата, Ричард Мастерс вели дека имаат широка поддршка за вакаов процес.
„Јавното мислење е дека објавувањето на разговорите е добра работа. Има желба да се биде поотворен кон фановите околу судиските одлуки и мораме да работиме на тоа“, вели Мастерс.
Сличен концепт веќе функционира во МЛС лигата во САД, каде што разгледувањето на ВАР снимките се објаавува на Јутјуб. Одговорен за судењето во МЛС лигата е поранешниот англиски судија, Хауард Веб.