Top Sport

Фановите на Аталaнта подготвуваат инвазија на Загреб

Динамо Загреб, в среда од 21 часот, ќе го одигра првиот ме оваа сезона во Лигата на шампионите. Во Загреб ќе гостува дебитантот во елитното натпреварување Аталанта од Бергемо.

За овој меч во Загреб владее голем интерес, според хрватските медиуми, влезници повеќе нема за источата и западната трибини. Инако голема поддршка на стадионот „Максимир“ ќе има и гостинскиот тим.

Аталанта во Загреб ќе има поддршка од 3.000 свои навивачи. Од Бергамо до Загреб има 600 километри што значи дека најголем дел од навивачите ќе пристигнат со автобуси.

Инаку, навивачите на Аталанта се сметаат за едно од најжестоките во Италија. Навивачите на Динамо, „Бед Блу Бојс“ се уште се сеќаваат на жестоките судири со нов во Бергамо во 1990 година кога двата тима се соочија во Купот на УЕФА.

Scroll to Top