Навивачите на минхенски Баерн синоќешниот натпревар со ПСЖ го искористија за нов, трет протест против се она во што се претвора модерниот фудбал.
Фановите на најтрофејниот германски клуб протестираат против скапите цени на влезните билети на натпреварите од Лигата на шампионите.
На гостувањето во Париз, кај ПСЖ, со транспаренти порачаа: „75 евра за влезница?Не сме Нејмар. Цените мора да бидат разумни“.
Germans fans are always humorous when it comes to banners, especially when directed at a governing body: “We are not Neymar.” pic.twitter.com/nTV0jTStv0
— Kevijn (@VoetbalKev) September 27, 2017
Минатиот месец во брисел, кај Андерлехт, исто така истакнаа транспаренти: „100 евра за влезница? Дали вашата алчност конечно е задоволена“. Потоа во текот на натпреварот фрлија лажни банкноти од 500 евра.
Money being thrown on the field during Champions League match between Anderlecht and Bayern Munich pic.twitter.com/wLF2EX5wLB
— Igor Mello (@SuperIgor) November 22, 2017
Последното коло го искористија за да направат перформанс на домашен тере. Доаѓањето на најскапиот играч во историјата го „поздравија“ со нова акција. Тие фралаа на тереното лажни банкнот од 500 евра на кои беше испечатен ликот на Нејмар, за кого ПСЖ плати 222 милиони евра.
Em Munique, atiraram notas de euro falsas no Neymar, com a cara dele impressa e tudo.
?@isabelapagliari pic.twitter.com/0ZpgCysL2n— Marcelo Bechler (@marcelobechler) December 5, 2017