Top Sport

Фановите на Челси настрадале во Барселона (видео)

Дел од навивачите на англискиот шампион Челси по лошо ќе го паметат гостувањето на „Ноу Камп“, каде што освен тоа што нивниот клуб загуби со 3:0 и беше елиминиран од Лигата на шампионите, имаше инциденти со тепање на англиските навивачи пред натпреварот.

Во неколку шокантни видеа на Интернет, јасно се глаеда како стјуардите на стадионот пред натпреварот со пендреци ги маваат навивачите на „сините“. Според каталонската полиција немало пријавено инциденти, но Челси побара од своите навивачи да ги пријават „искуствата“ за тие да можат да пријават до УЕФА.

Според дел од непроверените информации инцидентите биле предизвикани од скандирањето на навивачите: „Барселона, ти секогаш ќе бидеш дел од Шпанија“.

Scroll to Top