Top Sport

Фановите на Галата направија шоу! И тоа само на тренинг! (видео)

Навивачите на Галатасарај се перфектно подготвени за дербито со Фенербахче, покажувајќи го тоа со спектакуларно пиротехничко шоу на отворениот тренинг на клубот.

Стадионот „Турк телеком“ беше „запален“ за лидерите на турската Суперлига, кои имаат само три поени предност пред Бешикташ пред овој викенд. Додека УЕФА постојано ги казнува тимовите поради користење на пиротехника, официјалниот Твитер профил на Галата се пофали со своите фанови.

„Тие го нарекуваат ’пекол’. Ние го нарекуваме рај. Рај на жолто и црвено“, напишаа на Твитер профилот. Покрај тоа имаше порака „Пиро не е криминал“!

Фенербахче се на четвртото место во Суперлигата пред саботното „интерконтинентално дерби“, но со победа би се доближиле на само три поени од своите вечни ривали. Во борбата за титулата се уште два клуба од Истанбул – Бешикташ и Башакшехир.

Слична, малку посмирена ситуација имаше и на тренингот на Фенер.

Scroll to Top