Навивачите на Интер во саботата навечер начекаа шанса да се потсмеваат со Јувентус и Кристијано Роналдо, односно со нивната елиминација од четврт-финалето на Лигата на шампионите од Ајакс.
Иако и на теренот беше интересно (мечот заврши 1:1), вечерта започна со голема кореографија на фановите на „нераѕурите“ на која пишуваше „Game Over“ со трофејот од Лигата на шампионите, а голем број на навивачи беа со фотографии на Роналдо и со средството за чистење кое има идентично име како клубот од Амстердам.