Навивачите на Манчестер јунајтед повторно не го криеја разочарувањето од играта на нивниот капитен Хери Мегваер при 4:1 поразот во градското дерби со Сити, откако сметаа дека тој е директно виновен за првите два гола на лутиот ривал.
Поразот ги остава Јунајтед надвор од топ 4, со еден поен зад Арсенал, но со три повеќе одиграни натпревари. Одбраната на тимот изгледаше толку лошо, што многумина почнаа да веруваат во шпекулациите дека наместо други засилувања во текот на летниот преоден рок, „ѓаволите“ ќе мораат да се фокусираат на дефанзивци.
Фотографиите кои најдобро ја покажуваат ситуацијата на Јунајтед, односно посебно нивната одбрана се од вториот гол на Кевин де Брујне – тие испружени на тревата, Мегваер меѓу нив. Само неколку месеци откако беше еден од најдобрите играчи за Англија на ЕУРО 2020, најскапиот дефанзивец на светот е во очајна форма.
Барем првиот гол може да оди на негова сметка, откако наместо да ја шутне топката, тој реши да ја пропушти до Фил Фоден. Како честопати оваа сезона, му недостасуваше стабилност, беше или спор во реакциите или пребрз.
Манчестер јунајтед имаат примено 38 гола оваа сезона во Премиерлигата – само Саутемптон и Лестер имаат повеќе примени голови во горниот дел од табелата, додека Барнли, кои се борат за опстанок имаат примено 36 гола.
Harry Maguire could’ve just put the ball out for a corner?
Why on earth did he dummy the ball here? Shocking!!!pic.twitter.com/JdZyEBaKRG
— UtdFaithfuls (@UtdFaithfuls) March 6, 2022
Манчестер е син! Доминација во градското дерби за Сити да се врати на +6 пред Ливерпул