Top Sport

Фановите на Ница до Балотели: Замина како крадец во ноќта

Најголемата навивачка група на францускиот прволигаш Ница со официјално соопштение го нападна „предавникот“ Марио Балотели, кој не се појави на тренинзите на клубот оваа недела, а шпекулациите велат дека е пред потпис со локалните ривали на Ница, Марсеј.

Балотели технички е слободен играч, бидејќи неговиот договор завршои на 1 јули, но тоа не им пречеше на „Популар суд Нис“ фан-клубот да го очекуваат на првиот тренинг со новиот тренер на Ница, Патрик Виера.

„Прво, сакаме да го потсетиме Марио дека ние го прифативме во Ница како дете на нашиот град и нашиот клуб, дека го сакавме, го поддржувавме и бевме зад него како никој друг клуб на планетата. Се чувствуваме предадено од неговиот однос кон клубот и фановите. Ако не остануваш, тогаш се појавуваш на време и кажуваш збогум културно. Наместо вака, да се однесуваш како крадец во ноќта. Многу погрешно Марио“, се вели во соопштението на ПСН.

Scroll to Top