По вестите дека Лионел Меси може да замине само ако се плати откупната клаузула од 700 милиони евра, навивачите на новиот германски бундеслигаш Штутгарт, преку Интернет почнаа амбициозна кампања да соберат 900 милиони евра за оваа „операција“.
Навивачите на Штутгарт не се задоволни само да се плати откупната клаузула, туку и да се обезбеди платата на мегаѕвездата.
„Фановите на ВФБ се во акција за собирање пари за плаќање на трансферот на Лионел Меси. Ако не се соберат потребните средства на време или Лионел Меси се приклучи на друг тим, сите пари ќе бидат донирани на ’Вива кон агуа’, добротворната организација за осигурување на чиста вода за сите на светот“, се вели во кампањата на фановите.
Штутгарт досега, беа поскромни на трансфери – ги донесоа Валдемар Антон и Грегор Кобел за 4 милиони евра од Хановер, односно Хофенхајм, додека Константинос Мавропанос од Арсенал пристигна како позајмен фудбалер.