Top Sport

Фановите не го заборавија Чичарито, тој не ги заборави нив

Хавиер Ернандез Чичарито сподели интересна порака до навивачите на Манчестер јунајтед откако во саботата се врати на „Олд Трафорд“ при 2:1 поразот на Вест хем.

30-годишниот Мексиканец помина пет години со „ѓаволите“, и клубот уште има посебно место во неговото срце.

„Тешкое да е најдат зборови да се опише чувството на теренот. Манчестер јунајтед секогаш ќе бидат посебен клуб за мене и моето семејство и враќањето на ’Олд Трафорд’ со овации беше навистина тешко. Благодарам на сите фанови на Манчестер јунајтед. Ова никогаш нема да го заборавам. Се надевам дека Јунајтед ќе се вратат со титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Ве сакам сите“, напиша Чичарито на Инстаграм.

Scroll to Top